Наќе Георгиев пoднесе оставка за да го смести синот за судија

Кирил Георгиев стана судија, а татко му, Наќе Георгиев си поднесе оставка од Судскиот совет. Претходно, тој со политички маневар, се обиде да си го зачува столчето во Советот, па ја одложи заклетвата во Собрание, за да може синот да биде избран за судија – пишува Алфа.



Но, откако членовите му појаснија дека тој веќе е член на Советот и одложувањето на заклетва е само официјален чин, тој си поднесе оставка.

Законот за судови строго забранува блиски роднини на членовите на судскиот совет да бидат избрани за судии во нивниот мандат.

Судиите Ивица Николовски, Мери Радевска и Весна Дамева, неофицијално, ги убедиле новоизбраниот член на Судскиот совет Наке Георгиев и неговите поддржувачи во Советот, дека мора да си даде оставка од функцијата, ако сака неговиот син, да биде избран за судија.

Неколку дена овие тројца членови предупредувале дека ако помине ваква егзибиција, Советот врши кривично дело.

Наке Георгиев се кандидираше за член на Судскиот совет како единствен кандидат од Врховен суд, а поддржувачите од Советот, му ја запреа постапката за разрешување.

Целиот прилог на Алфа на следниот линк: