Екс министерот за финансии Џевдет Хајредини се шегува на сметка на вицепремиерот Артан Груби за аудито што наводно го добил од свој пријател, бизнисмен кој за бадиела го купил хотелот Гранит на Попова Шапка.
Оваа фирма истовремено од владата на Груби доби огромен тендер за автопатот Скопје – Блаце што за многумина е врската меѓу аудито и Груби.

,,И мене Абедин Мурати, многу успешен бизнисмен, одамна ми е близок и пријател и сосед, сепак до денес, не знам зошто, бесплатно не ми дал едно АУДИ”, пишува Хајредини кој меѓу редови порачува дека има нешто матно во Аудито кое Груби го добива од својот наводен комшија и можеби бизнис партнер.





