Со десет гласа „за“ и со седум гласови „против“, на Комисијата за уставни прашања денеска беа изгласани два заклучоци и тоа за пристапување кон измена на Уставот и за подготвување на нацрт-амандманите за измена на Уставот.



Комисѝијата донесе 2 заклучока:

г поддржува предлогот за пристапување кон измена на Уставот поднесен од Владата на Република Северна Македонија. Под два, Комисијата предлага на Собранието предлага да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот, предложи Џафери. 

Вториот заклучок се однесува на подготвување на нацрт – амандмани за измена на Уставот, доколку се изгласа потребата на собрансиката седница закажана за 18 август. 

Предлогот за уставни измени го образложи премиерот Димитар Ковачевски, а зборуваа и претставници од сите пратенички групи. Против уставните измени се 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и двајцата пратеници од Левица.

„Против“ гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ а кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека тие не прифаќаат уставни измени под диктат, притисок и наметнувања и оти тие никогаш нема да ги поддржат, затоа што тоа, според ВМРО-ДПМНЕ е директно кршење на суверенитетот на една земја.