Почна седницата на уставната комисија, сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата гласаа против точката за уставни измени

Сите седум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата гласаа против точката за уставни измени на седницата на комисијата за уставни прашања со која претседава собранискиот спикер, а присутен е и премиерот Ковачевски.



Претседателот Талат Џафери согласно деловникот го предложи дневниот ред со единствена точка на дневен ред: Иницијатива за измена на Уставот по што СДСМ и ДУИ веќе нема да можат да тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе го поддржат влезот на Бугарите во уставот.

На гласањето за точката на дневен ред сите десет пратеници на владеачкото мнозинство членови на уставната комисија гласаа ЗА дневниот ред.

Наспроти нив сите седум пратеници на опозиционата коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против точката за уставните измени.

Против точката за уставни измени од опозицијата гласаа: Никола Мицевски, Александар Николоски, Владо Мисајловски, Проф. Гордана Силјаноска Давкова, Антонио Милошоски, Дафина Стојаноска и Иван Стоиљковиќ.

Власта под притисок на јавноста ја започна процедурата за уставни промени но според повеќе извори оваа иницијатива никогаш нема да добие завршница затоа што се очекува СДСМ и ДУИ да не ја стават никогаш на финални гласање затоа што немаат поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.