Во Русија стапи на сила забраната да се менува полот по своја волја. Законот го потпиша претседателот Владимир Путин.
Документот е објавен на официјалниот портал за правни информации, пренесува ТАСС.
Законот влегува во сила со денот на објавувањето.
Во исто време, неговите норми нема да важат за лица кои го промениле полот пред стапувањето во сила на законот.
Забраната не се однесува на медицински интервенции за лекување на вродени аномалии и малформации, како и генетски и ендокрини заболувања поврзани со нарушено формирање на половите органи кај децата.
Според заменик-претседателот на Комитетот за здравство на Думата, Сергеј Леонов, „бракот се поништува во сите случаи кога ќе се покаже дека брачниот другар или двојка го смениле полот“.






