Во синоќешното гостување на Канал 5 првиот вицепремиер Артан Груби одговори потврдно на прашањето – дали е точно дека запаленото „ауди“ кое го користел, но не било негово, на имало флешери , односно светлечки и звучни уреди што ги користат возила на МВР и по исклучок службени возила на државниот врв?
Груби : Има сериозни индиции дека палењето на автомобилот е политички чин
„Да.Точно е дека „аудиото” – рече Груби – имало флешери, ама тие не биле ставени од МВР, туку пријателот си ги ставил сам, на своја рака. Сега, може и ќе одговарал за тоа, ртече груби во гостување на Канал 5
„Имаше флешери и, за жал, имаше една операција од Министерството за внатрешни работи, секое трето-четврто возило или петто, да речеме, во Скопје или во државава си става флешери. Кажа човекот – да, даде исказ пред полицијата вечерта и дента.
„Значи сам си ги наместил флешерите“ – беше прашањето на новинарот.?
Да, да. И ќе си сноси било каква одговорност по однос на тоа прашање било што да си има“, одговори Груби.






