Првиот вицепремиер Артан Груби тврди дека има тендензиозни индиции кој би стоел зад инцидентот со запаленото возило.
– Истрагата ќе ја оставам на полицијата, се надевам дека набргу ќе се пронајде и тој што го напрачал и тој што го извршил палењето на возилото. Се надевам дека според она како работат институциите, презедоа огромна операција , имаат добра координација тактика што набргу ќе се реши, вели Груби за Канал 5
Во однос на тоа дали станува збор за пресметка со поранешни сопартијци или криминална пресметка, тој вели дека има индиции дека палењето на возилото е политички чин.






