66 години од смртта на првиот македонски претседател, Методија Андонов Ченто

Денеска се навршуваат 66 години од смртта на првиот претседател на АСНОМ, кој се именува и како прв претседател на Македонија. Тој во тешки болки и маки, на 24 јули 1957 година умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп.



“Загубив се,материјално пропаднав,мојата политичка кареира ја започнав како чорбаџија а ја завршив како слеп сиромав.Децата се веќе 10 години без моја помош и лишени од помошта на заедницата поради мене.Му наредиов на синот да прекине со студиите од економски причини. Жената ја упропастив наполно и таа се разболе. Изгубив 9 години личен живот, истргав најмизерни понижувања,осуден сум за тоа што не сум го сторил,од глад сум паѓал во несвест,сум издржал 9 години казна,ќе излезам поголем злосторник од германските гестаповци кои го запалија целиот свет.Од сето тоа ми остана човечкото достоинство,и тоа сакаат да ми го земат.Јас не жалам оти ќе умрам,само ми е мака што немам време да напишам некои работи кои што историјата на Македонскиот народ треба да ги одбележи,не затоа што јас сум учествувал во тие настани,треба да знаат како се одвиваала борбата за нашата слобода и да знаат кој и зошто гинел и кој што направил за неговата слобода. Вечна слава Претседателе, идеалите твои се заклетви мои“ стои во објавата на Фејсбук страната „Слобода за Јане Ченто“.

Неговиот внук, Јане Ченто, е во затвор осуде на казна затвор од 13 години за тероризам, за случувањата во Собранието на 27- ми април 2017-та.