Во Собранието денеска се случи ново бегство на владеачки функционер откако власта беше фатена во манипулација со европското знаменце.
Министерот за финансии Фатмир Бесими не можеше да го издржи притисокот од обвинувањата дека власта лаже, манипулира и го злоупотребува ,,европското знаменце” за решавање на лични проблеми.
Бесими избега од Комисијата за европски прашања откако пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоски му кажа дека лаже за ЕУ-регулативите на Законот за данок за солидарност.
Стаменкоска-Трајкоски на Бесими му посочи дека има проблем во ставот на владата која законот го турка преку лажно усогласување со ЕУ законодавството.
По бегството на Бесими потпретседателката на комисијата за Европски прашања Арта Биљали-Зендели ја прекина комисијата.
Последен од власта кој избега односно се налути по забелешки од пратеничката Дафина Стојаноска беше премиерот Ковачевски кој најави дека веќе нема усно да одговара на пратеничките прашања.
Видеото од судирот
Не бегајте министре, бараше пратеничката но чуварот на државната каса не се врати






