Еден од луѓето од кои СДСМ ги црпи своите идеолошки позиции во односите со Бугарија и Грција во текст со наслов ,,Чија е трагедијата” тврди дека Илинденското востание не е македонско туку бугарско.
Екс дописникот на Нова Македонија од Софија Бранко Тричковски кој пред триесетина години ја напаѓаше Бугарија за антимакедонизам сега има ист став како бугарските власти и тврди дека Илинденското востание не е македонско туку бугарско.
Тричковски како идиотски ја дефинира современата македонска позиција за посебен и темелно различен македонски идентитет од бугарскиот и тврди дека во времето на Гоце Делчев и Даме Груев немало ни македонска свест ни култура.
Најголем дел од шокантниот текст на Тричковски кој како да е напишан во владата во Софија:
,,Бугарско според инспирацијата и организацијата и целите и македонско според жртвите кои, меѓутоа, се чувствувале Бугари.
И затоа избегале во Бугарија.
Всушност кај оние кои биле одговорни за нивната драма.
Идејата била со голем број на жртви да се возбуди совеста на Европа и да се принуди Цариград на реформи во Македонија односно да и даде автономија на провинцијата.
Која Бугарија ја сметала за своја.
Без формално мешање на Софија.
Идејата не била ослободување затоа што освен на некои револуционерни манекени, на сите им било јасно дека таа работа не ја бива.
Организирана трагедија.
Нема тука ништо славно.
Современата македонска позиција е идиотска затоа што ја обвинува Бугарија за актуелната антимакедонска агресија, а Софија ја одредува како центар во кој пред сто и дваесет години, малку пред тоа и многу. време потоа, е организирано движењето за македонско национално одлободување!!!???
Чекајте, малку, па како тоа?
Македонската емиграција во Бугарија навистина преземала многу акции во Софија и во цела Бугарија, но тоа само покажува дека емигрцијата била македонска по територијата додека етнички и национално била бугарска.
Ркулците на македонската национална свест биле ликвидирани според денешните принципи на Путин, само со куршуми, немало доволно високи прозорци.
Време е да се поместиме од мртвата точка затоа што ако продолжиме да стоиме на неа, ќе умреме
Друга работа е што во конституцијата на македонската нација и во имагинариумот на народот таа трагедија е прогласена за славна основа на посебноста.
Не без основа.
Драмата се одвивала тука, луѓето биле Македонци чија бугарска етничка припадност била дел од геополитичката епика на просторот во тоа време, повеќе отколку на некаква изградна свест и култура (Пере Тошев се тепал на страната на Бугарите во победата над Србите на Сливница, Даме Груев преговарал во Белград за некаква стипендија да се врати и да работи за српската куза во Македонија итн итн)
Немало ниту свест ниту култура.
Сме можеле да избереме и нешто друго, но тоа е тоа и во тоа јас гледам не причина за кавга со Бугарите, туку причина за зближување и разбирање.
Знам дека сега тоа не изгледа така, но колку побргу ја разбереме потребата од тоа, толку подобро.
За нас.
За Бугарите исто така, но за Македонците посебно.
На фотографијата Тричковски е на предизборен настан со амбасадорот Фрчковски, екс министерот Ѓунер Исмаил и кандидатот на СДСМ за градоначалник на Центар Горан Герасимовски.






