Врвот на СДСМ доби шанса да докаже дека не се лажливци

Новинарот Бранко Героски ја повика СДСМ да се осмели историската вистина за самобитноста на македонската нација и за посебноста на македонскиот јазик, како и фактите за борбата за независна македонска држава, во неколку реченици да ги опишат и да ги додадат во Преамбулата на Уставот.



,,Ако се вистински Македонци, македонштината нека ја декларираат во конститутивниот акт на државата!

Ете, сега, откако го „отворија“ Уставот за да ги запишат Бугарите, имаат ексклузивна можност да ја запишат таму и својата приказна за македонската самобитност.

Па можеби ќе се убедиме некако и таа работа со запишувањето на Бугарите полесно да мине.

Ајде сега, сдсмовци, осмелете се и докажете дека не сте фејкери”, пишува Героски во колумна за Плусинфо во која ја коментира играта на СДСМ откако партијата на Кирил Петков со декларација го присвојува Илинденското востание како бугарско.

Линк до колумната