Власта не го послуша бизнисот,почнува расправата за даночната реформа

Власта не го послуша бизнисот. Почна комисијата за европски на која на дневен ред се трите закони за даночните реформи, што Владата ги предложи по скратена постапка со европско знаменце: Предлог законот за данокот на солидарност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка. Одбиен беше и предлогот на ВМРО ДПМНЕ за широка дискусија во која ќе се вклучи бизнисот.
Стопанските комори минатата недела во повеќе наврати побараа повлекување на законите за даночни реформи, а претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека на седницата на Комисијата за европски прашања ќе побараат да се организира јавна расправа за овие закони, бидејќи, како што рече, добро е јавноста да биде запознаена со аргументите од сите страни кои ги опфаќаат.



Стопанската комора на Северна Македонија преку Клубот 100, упати допис до претседателот на Собранието, премиерот и до министерот за финансии со кој бараат да запре донесувањето на законот за данок на солидарност, по итна постапка со европско знаменце.
Од стопанската конора кажаа дека ќе ги искористат сите средства за да го спречат носењето на законот , дури и ќе одат на Уставен.