Ако јавното обвинителство не попушти пред политичкиот притисок од ДУИ вицепремиерот Артан Груби за скриениот имот кој се појави по палењето на неговото Ауди се соочува со затворска казна од 6 месеци до 8 години.
Почетна точка во истрагата на скопското јавно обвинителство за скриениот имот на Груби е членот 359 а од Кривичниот законик со кој се санкционира противправно стекнување и прикривање имот.
Во зависност од тежината на селото Груби за поседување на непријавено возило од над 70 илјади евра може да добие казна од 6 до 96 месеци во затвор.
Според ставот 1 од членот 359-а од Кривичниот законик:
,,Службено лице или одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал, кое спротивно на законската должност за пријавување на имотната состојба
или нејзина промена ќе даде лажни или непотполни податоци за својот
имот или имотот на членовите на неговото семејство, кој во значителна
вредност ги надминува неговите законски приходи, ќе се казни со затвор од
шест месеца до пет години и со парична казна”.
Во ставот 2 со казната од ставот 1 на овој член ќе се казни службено лице или
одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице
што располага со државен капитал кое, кога во законски уредена постапка
ќе се утврди дека за време на вршењето на функцијата или должноста тоа
или член на неговото семејство стекнал имот што во значителна вредност ги
надминува неговите законски приходи, дава лажни податоци или ги
прикрива неговите вистински извори.
Ако обвинителството утврди дека дека Груби со својата плата од околу 1000 евра не можел да купи легално возило од над 70 илјади евра тогаш затворската казна е до 8 години.
Според ставот 3 ако делото од ставовите (1) и (2) на овој член е сторено во однос на
имот кој во големи размери ги надминува неговите законски приходи,
сторителот ќе се казни со затвор од една до осум години и со парична казна.
Според ставот 4 Груби може да се спаси од затвор ако за делата од ставовите (2) и (3) во постапката пред судот даде прифатливо објаснување за потеклото на имотот.
Со оглед на тоа што Груби во последниве 6 години не можел со својата плата да купи толку скапо возило за кое морал да плаќа и дополнителен трошок за гориво и одржување вицепремиерот се соочува со сериозна казна.
Освен ако повторно нема директно влијание на ДУИ во правосудството Груби ќе мора да ја запре својата политичка кариера.
Засега од обвинителството тврдат дека нема да дозволат притисок од ДУИ или било кој политички фактор и дека предметот е тест и пред ЕУ и САД дали Македонија реално се бори со високата корупција.
Министерот и неговиот тим се инкриминирале во случај кој може да заврши со осум години затвор.
Спасовски и МВР лажеле медиуми за да го спасат вицепремиерот Груби






