Повикувајќи се на неофицијални информации, дел од медиумите објавија дека изгореното возило на Артан Груби се води на името Бекир Лимани.
Според информации на „Фокус“ од повеќе добро упатени извори, станува збор за лицето Беким Лимани, кој го паркирал возилото и бил заведен според возачка дозвола, додека возилото е во сопственост на правен субјект.
Станува збор за еден од сопствениците на компанијата „Еуро Ком Лигхтинг“, за која пишуваше „Фокус“ кога го купи хотелот на Попова Шапка од компанијата „Гранит“.
Предходно во истражување на „Фокус“ беше објавено дека пред да добие нов милионски тендер за автопатот кон Блаце, „Гранит“ го продал хотелот на Шапка на фирмата за осветлување на Лимани.
Во трансакцијата ,,Хотел за Тендер” според други извори се вклучени блиски луѓе на Груби.
Оваа компанија ја спомена и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој во јавно прашање до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пишува: „Ако запаленото возило на Артан Груби не било во негова сопственост, туку се водело на име на фирма ЕУРОКОМ или на комшијата, а Груби само го користел, тогаш кој е тој што дозволил на возило кое не е во сопственост на МВР или на друг државен орган, да се стават флешери и звучна сигнализација“?
„Министре Спасовски, Вие ли одобривте да се стават флешери на приватно возило на фирма, кое според медиумите но и според Крешник Бектеши и Бујар Османи е во сопственост на вицепремиерот? Зошто не ја кажете вистината? По кој Закон, Уредба или Правилник е тоа направено? Уште колку такви возила со предимство на минување на име на приватни фирми или на комшии имаме во државата“, праша Ковачки.
По веста за опожареното возило во скопската населба Чаир, со објава на Фејсбук се јави првиот вицепремиер Груби, во која не демантира дека тој приватно го користел „аудито”, иако се води на име на друго лице. Во постот Груби вели дека станува збор за негов пријател. Вицепремиерот признава и дека инцидентот е порака до него.
Според досегашните сознанија аудито на ,,тајниот” сопственик на возилото на Груби може да се смета за скриен непријавен имот на вицепремиерот за што ако обвинителството не е под контрола на ДУИ и СДСМ следува кривична пријава.
Повеќе детали за скриениот имот на Груби






