Доаѓа невреме кон Македонија

ПОПЛАДНЕВО НИ ДОАЃА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – никако не излегувајте од дома пред да го прочитате ова!

Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денеска во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер над 70 километри на час и појава на град.



Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во делови од Скопската Котлина ќе има услови за невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град.