Македонскиот атлетичар Андреас Соренсен Трајковски го освои бронзениот медал во скок во далечина, прв за Македонија на 78. Балканско првенство што се одржува викендов во српскиот град Кралево.
Со скокот од 7,75 метри во петтата серија, Трајковски беше на дофат на златото во конкуренција на 17 учесници, но во последната го поминаа домашните натпреварувачи Страхиња Јованчевиќ со 7,89 м и Лазар Аниќ со 7,78 м.
„Многу сум среќен поради мојот бронзен медал од Балканското првенство во Кралево, но се надевав дека ќе победам затоа што бев во водство во првите пет серии. Мојата форма е константна и никогаш до сега во кариерата не сум бил вака подготвен. Среќен сум што ѝ донесов медал на Македонија и што покажав дека сум меѓу најдобрите скокачи во Европа“, изјави македонскиот медалист, кому ова му е втора бронза на Балканијадите по таа во сала минатата година.
Триесетгодишниот Трајковски, роден во Копенхаген, до 8 февруари 2022 година настапуваше за Данска, а оттогаш за родната земја на неговиот татко Христијан, некогашен дански шампион на 100 м и на 200 м.
Скокот за бронза на Трајковски на линкот:







