Османи му направи голема беља на Груби пред Антикорупциската комисија и обвинителството

Министерот за надворешни работи Бујар Османи му направи голема беља на Груби пред Антикорупциската комисија со неговата изјава во која тој признава дека ноќеска запаленото Ауди вредно над 60 илјади евра е на вицепремиерот Артан Груби.



Сега Антикорупциската комисија мора да му верува на најдобриот соработник на Груби кој сигурно знае чие е возилото реално и да почне истрага за постоење на скриен имот кај првиот вицепремиер.

Ви реакцијата на палањето на автомобилот, Османи на својот приватен Фејсбук профил напиша дека е револтиран и потврди дека Груби има прескапо возило кое е на туѓо име.

„Револтиран сум од веста за одвратниот чин – палењето на возилото на вицепремиерот Груби. Овој грозоморен чин на насилство не е само напад на почитуван колега, туку и навреда за нашите демократски вредности и структурата на нашето општество. Ова го кажувам, не само како министер, туку и како загрижен граѓанин, за најостро да го осудам овој чин на подметнување пожар. Насилството нема место во цивилизирано општество и таквите постапки никогаш не можат да се оправдаат. Ги повикувам властите да спроведат темелна истрага за да се открие вистината зад овој инцидент и веднаш да се изведат одговорните пред лицето на правдата. Мора да има одговорност за таквите постапки кои ја загрозуваат безбедноста и интегритетот на нашите демократски институции. Ние сме општество изградено врз принципите на мир, толеранција и почитување еден кон друг. Нашата сила лежи во нашето единство и заедно можеме да го надминеме секој предизвик што ќе ни се појави“, напиша Османи.

Државната комисија за спречување на корупција и другите истражни органи со оваа изјава сега ќе мора да утврдат кој е вистинскиот сопственик на Аудито и дали вицепремиерот Груби криел имот со тоа што го впишал на туѓо име.

Вицепремиерот Артан Груби претходно се огласи на Фејсбук во врска со опожареното возило. Toj се извинува за непријатната случка за возилото кое официјално не е негово но неговото признание дека има скриен имот не е директно.

МВР во официјалното соопштение вели дека возилото е во сопственост на лице со иницијали Б.Л.