Движење Беса очекува Изет Меџити да го формира новото политичко движење за да соработуваат, вели Биљал Касами.
„Имаме добра комуникација со Изет Меџити и сметам дека во моментот кога ќе го формализира неговото движење ние ќе ја формализираме и соработката“, вели лидерот на Беса.
Тој упати повик и до сите други структури, другите партии и поединци кои се незадоволни, да се придружат на ова движење.
„Дојде време кај Албанците да има ротација во власта и конечно Албанците да направат промена и да бидат достоинствено застапени во државните институции“ вели Касами.
Изет Меџити најави дека на 13 август ќе формира нова партија во која сепак нема да нема да учествуваат и други членови од „огнената група“, како Муса Џафери, Блерим Беџети и Невзат Бејта кои одлучија да останат во ДУИ.







