Реакција во врска со обидот на министерот Оливер Спасовски да се прикаже како хуман со давање студена вода на десетина патници на граничен премин.
,,Не ми е срам за Спасовски што на 40 степени во одело дели водички на граница.
Жал ми е за човечето позади што мора да го следи и да му додава, за фотографот што мора да го слика, за камерманот што мора да снима.
На сите срања и криминали во државава, на сите нерешливи и наталожени проблеми, треба човек да ја гледа и оваа лигава и петпарачка самопромоција”, пишува новинарот и политички аналитичар Ивор Мицковски.
Спасовски завчера неофицијално со ресурси на МВР ја започнал кампањата за кандидат за претседател на СДСМ.






