Силно невреме повторно ја зафати Хрватска

Повторно силно невреме во Хрватска. Невремето, како што јавуваат хрватските медиуми, ги зафати Истра и Кварнер, како и Загреб и регионот на Славонија. Паѓа град и дува силен ветер поради што низ улиците може има паднати гранки од дрвја. Поради невремето и паднатите гранки и дрвја, бил блокиран и воз помеѓу Загреб и Карловац. Поради невремето во пет регион издаден е црвен аларм на предупредување.
Вода протече и во Хрватскиот Сабор каде започна вонредната седница на која се расправа за штрајкот во правосудството и аферата со плин, Водата почна да тече преку отворениот прозор и низ ѕивовите во салата, а почна да влегува и преку главната врата која веднаш беше затворена.
Пред два дена, во невремето кое ги зафати земјите од регионот, токму во Хрватска имаше и четворица загинати, а по една жртва беше регистрирана и во Словенија и Босна и Херцеговина.