Компанијата Пуцко петрол која е семејна фирма на пратеникот на ДУИ Исмаил Јаоски и формално ја води неговиот син во 2022 добила неверојатен број државни тендери и фантастична сума пари од владините институции.
Пуцко Петрол завчера од страна на Државната комисија за спречување на корупција беше осомничена дека на незаконски начин се стекнала со имотот на Сеад Кочан кој беше осуден на затвор а имотот требало да му се конфискува.
Денеска на социјалните мрежи се појави информација цитирана од Центарот за граѓански комуникации според која Пуцко Петрол во 2022 година победила или била единствен понудувач на неверојатни 413 тендери а вкупната сума на пари наплатени од државните институции е речиси 50 милиони евра.

Во 2017 година кога дојдоа на власта Зоран Заев и Али Ахмети го укинаа Советот за контрола на јавните набавки што подоцна придонесе во Македонија да се случуваат вакви неверојатни тендерски приказни кои се невидени во регионот и пошироко.
Јаоски според партиски извори во ДУИ важи за близок и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Сите препораки во извештајот за мониторинг на јавните тендери за 2022 година објавен од Центарот за граѓански комуникации:
Препораки
» Институциите доследно да ги почитуваат плановите за јавни набавки. Поради висо-
ката недисциплина во однос на почитувањето на временските рокови предвидени
во плановите, потребно е да се воведе обврска за измени на планот за јавни набав-
ки и во случај кога се менува рокот за отпочнување на постапката за јавна набавка.
» Институциите мора да работат врз стимулирање на конкуренцијата бидејќи само
таа е гаранција за рационално трошење на јавните пари. Потемелно да се истражу-
ва пазарот и во однос на поставувањето соодветни критериуми за утврдување на
способноста на понудувачите и во однос на дефинирањето на условите во технич-
ките спецификации.
» Во насока на намалување на поништувањата, потребно е институциите почесто да
спроведуваат претходна проверка на пазарот преку т.н. технички дијалог со фир-
мите. Воедно, секоја институција која се соочува со голем број поништени постапки
да преземе соодветни мерки за да ги воочи причините и да преземе соодветни
мерки за надминување на констатираните проблеми.
» За да се почувствуваат вистинските ефекти од управната контрола во насока на на-
малување на злоупотребите и корупцијата, Бирото за јавни набавки, во согласност
со Законот за јавните набавки, треба позначајно да го прошири опсегот на контро-
лата и на тендерите, врз основа на проценка на ризиците или по случаен приме-
рок, и да се вложат поголеми напори за јакнење на кадровските и на техничките
капацитети на соодветното одделение за управна контрола.
» Со оглед на нетранспарентноста на постапката со преговарање без објавување ог-
лас, потребно е институциите да ја применуваат само во исклучителни ситуации.
Воедно, во насока на зголемување на увидот во овие договори, со објавување на
известувањето за склучен договор да се објавува и тендерската документација, а
во известувањата за склучен договор да се наведат и имињата на сите фирми кои
учествувале во преговарањата, а не само името на фирмата со која е склучен дого-
ворот.
Целиот извештај






