Адеми: ДУИ не се плаши од политичкото движење на Меџити

Во ДУИ не постои страв од формирањето на ново политичко движење предводено од нивниот доскорашен сопартиец Изет Меџити, тврди пратеникот и потпретседател на ДУИ, Арбер Адеми.



Тоа е добро организирана, етаблирана политичка организација, која не еднаш, туку повеќе пати поминала низ слични процеси, рече Адеми во емисијата „Клик плус“.

Според него, Изет Меџити и Мерита Коџаџику, која се приклучи на новото движење и ќе делува како опозициска пратеничка, се уште не најавиле официјално разделување од ДУИ.

Адеми тврди дека нема никакво известување дека пратеничката група се намалила или пораснала.

Меџити кој претходно соопшти дека со Коџаџику излегуваат од ДУИ и ќе формира ново политичко движење, на кое се придружува и независниот пратеник Кастриот Реџепи, изјави дека тројцата ќе гласаат за уставните измени.

.