Силјановска до ,,загрижените” за законот за македонски јазик: Don’t worry, be Happy!

Професорката Гордана Силјановска Давкова со наслов на своевремено популарната песна
Don’t worry, be Happy! (Не грижете се бидете среќни) им одговори на загрижените функционери на СДСМ кои го обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека не гласале за законот за македонски јазик.



Професорката раскажува за хаосот што се случил на седницата каде се расправало за потребата од носење закон за македонски јазик за кој допрва ВМРО-ДПМНЕ подготвува амандмани.

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи и пратеникот Дарко Каевски предходно лажно обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ било против законот за македонски јазик во прво читање.

,,Загрижена за „загрижените“ за Законот за употребата на македонскиот јазик, сакам да укажам дека:

▪️ седницата во вторникот започна по два и пол часа чекање на претседателот на Собранието, кој ниту нè информира, ниту се извини за доцнењето, иако беше јасно дека не може да скрпи мнозинство;

▪️замислете, спои 10 седници, одложи, па врати седница, промтно збогатена со 9 нови точки;

▪️ги читаше точките, небаре спортски коментатор, односно со аукциска брзина;

▪️во хаотичен амбиент, со веб страница што не работи и екрани што, ту работат, ту не, изгубив контакт со дневниот ред и точките за кои се гласа, меѓу кои и онаа за утврдување потреба од донесување Закон за употреба на македонскиот јазик;

▪️ заменик координаторката на пратеничката група, Дафина Стојаноска, неколкупати укажа на неодржливоста на бизарната, непарламентарна атмосфера, ама режисерот не слушаше;

▪️мене/нам ни беше оневозможено да учествуваме во нормална парламентарна постапка, што резултираше со негласање за некои точки;

▪️оние пратеници кои на слушалките го чуле името на законот- гласале! Ама, никој не гласал „против“, како што тврди еден лик, без елементарно чувство за каење кога измислува;

▪️за моја/наша среќа, Законот за употреба на македонскиот јазик се носи, како што е ред, во редовна, а не во скратена постапка, за разлика од скандалозниот Закон за употреба на јазиците, донесен во скратена постапка, иако не постои заедничка европска јазична политика, па ни потреба од хармонизација, ама двоецот Талат- Артан си го злоупотреби „европското“ знаме;

▪️значи, следи второ читање на законот и веќе подготвивме амандмани;

▪️нема причина за грижа на „најзагрижените“, убедена сум дека министерката  ќе има разбирање за амандманите и дека ќе добиеме пристоен Закон за употреба на македонскиот јазик;

▪️на крајот, молам да се прави разлика меѓу мајчин јазик, службен јазик на целата територија и во меѓународните односи и службени регионални и малцински јазици. Апелирам на уставен патриотизам.

Don’t worry, be Happy! 🙂”, пишува Силјановска објаснувајќи дека СДСМ шири лаги за поддршката од пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за законот за македонски јазик.