„Лидл“ ќе гради маркет во Битола

Германски “Лидл“ на 3 август почнува со градба на маркет во Битола, кој ќе се наоѓа кај кружниот тек во близина на старата млекарница, под Еврејските гробишта, објави локалниот портал Битола Њуз.



По неколку месечните подготовки, по продажбата на земјиштето, познатиот германски трговски синџир доби одобрение за градба – градежниот простор е заграден и исчистен, а на поставената табла може да се прочита дека маркетот ќе се гради една година до 3 август 2024.

Изведувач на работите е “Фабрика Карпош“ АД Скопје, а проектант “Иванов Инженеринг“ од Битола.