Сценаристот Божидар Божиновски без влакно на јазикот за овдешните „т’пи, а упорити“ во одработувањето за туѓи агенди, кои се трудат со сите сили да го избришат македонскиот народ.
„’Илинденското востание е симбол на бунтовничкиот бугарски дух’ – Румен Радев
Не треба да си многу паметен дека уставните измени се само почеток на поголем процес на уништување на македонскиот идентитет, историја и јазик. Нешто што не го кријат ни бyгapcките политичари.
И на таков став ние имаме влада, претседател, пратеници, нивни анални алпинисти, ботови кои и натаму ја туркаат Македонија во пропаст, се трудат со сите сили да избришат и илинденци, и партизани, и борби, и херои, и жртви, да избришат цел народ.
Освен како предавници и соработници на окупаторот, поинаков третман и судење не заслужуваат. Од горе до долу, на куп“, коментира Божиновски на Фејсбук.





