Пратеничката и професорка Гордана Силјановска Давкова ги отфрла лагите на вицепремиерот Фатмир Битиќи и пратеникот Каевски за законот за македонски јазик.
Силјановска вели дека луѓето од СДСМ ја манипулираат јавноста кога тврдат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласале против законот за македонски јазик завчера во собранието.
Силјановска за изјавите на Битиќи и Каевски вели дека се груба манипулација и лага која нема никаква основа во реалноста.
Таа во кратка изјава за expres.mk вели дека на седницата на која требало да се гласа за законот имало целосен хаос со дури 19 точки кои се менувале од минута во минута, при што не работел системот за гласање ниту веб страната на собранието од која пратениците се информираат за дневниот ред затоа што парламентот нема календар за работа.
Силјановска вели дека во хаосот што го предизвикал собранискиот спикер воопшто не се слушнало за кој закон треба да се гласа и најавува пошироко објаснување за скандалот и лагите на Битиќи и Каевски.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веќе работи на амандмани на законот за македонски јазик за кој допрва треба да се случи второ читање.





