И Стопанска комора на северозападна Македонија е против Законот за солидарен данок

И Стопанската комора на северозападна Македонија е против Предлог-законот за данок на солидарност и го смета за неуставен и казнен. Во реакција до медиумите СКСЗМ укажува дека вакво законско решение ќе ги дестимулира компаниите да инвестираат и да се развиваат, затоа што во случај на пораст на приходите и нето добивка, тие ќе бидат казнети.



-Стопанската комора на северозападна Македонија го крева гласот против воведувањето закони кои ги “казнуваат” планирањата и тековите на развојот на бизнисот. Спротивставувањето кон оваа иницијатива е принципиелна, бидејќи цениме дека ова ќе ги дестимулира компаниите да инвестираат и да се развиваат, затоа што во случај на пораст на приходите и нето добивка, тие ќе бидат казнети. Исто така, ова е јасен негативен показател за неразвиено економско владеење од страна на власта, бидејќи ова ги дестимулира инвестициите, особено оние на домашните компании, без разлика дали тие се етаблирани или потенцијални компании, пишува во реакцијата.
Комората укажува дека економијата во земјаваа претрпе значителен пад со оглед на последователните кризи кои силно го погодија бизнис-секторот. Компликациите од ваков закон, додава СКСЗМ, се краткорочни и долгорочни и дека „казнувањето” успешни компании нив ги прави несигурни.