По изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши дека „одлуката за концесијата на Иловица – Штука нема да се смени! – екс пратеничката и претседателка на „Глас за Македонија, Солза грчева вели дека одговорност мора да има и кај други.
„Прашувам дали не треба да имаат одговорност и министрите за транспорт и врски, МВР и екологија за тоа што биле “изманипулирани“? Мали деца се? Во најмала рака не се за тие функции“ вели Грчева во објава на Фејсбук.
Професорката смета дека Бектеши, бранејќи ја фирмата од Швица, застанува на нејзина страна, наместо на страна на граѓаните и во име на фирмата се заканува со арбитражен процес, во кој државата наводно би платила “милиони“ за раскинување на договорот. Да се чудиш зошто го штити Еуромакс.
„Добро, ако го изгуби процесот Македонија, нека плати. Но, потоа веднаш да се закаже судење на тие кои под тепих ја протуркаа оваа одлука, ја оштетија државата, па ако изгубат на суд, тие лично од своите џебови да и платат на државата отштета.
А веќе им се стега обрачот на ‘милениците’“, вели Грчева.






