Спасовски: Гури не е уапсен поради тоа што е член на „Огнената група“

За големата полициска акција утрово во која беа уапсени бизнисмени, инспектори и политички функционери, а меѓу нив и Исмет Гури, поранешен заменик директор во дирекцијата на УЈП во Скопје, кој беше разрешен своевремено затоа што беше член на „Огнената група“ од ДУИ, свое водување даде министерот за внатрешни работи Олвер Спасовски. Тој вели дека на акцијата на МВР и Обвинителството за организиран криминал и корупција не влијаело тоа што Гури бил бунтовник во ДУИ.



Акцијата се одвивала подолго време, а била почната по сомнежи во Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во МВР. Меѓу приведените се и бизнисмени, сметководители и инспектори.

– Не може да стане збор за политичка пресметка, единствено се водиме од борбата со криминалот и корупцијата. Тоа ниту еден момент не се заснова на верска, етичка или политичка припадност. Ние сме тука да ги обезбедиме средствата на граѓаните, а поголем престап нема од прибирање на буџетските средства. Нема потреба ниту можност да се навлегува во какви било квалификации, ова е предмет кој ја покажува цврстата определба на МВР да не отстапуваме од тоа дали некој е близок со друг, рече Спасовски во вестите на Сител.