„Командантот’ ги имаше изградено Соравија и Сењак. Господ знае со кој капитал и со која компанија ќе нѐ изненадат ‘Командантот’ и неговата семејна деловна ахметистичка купола. Откако дојдоа на власт како герила и ‘ослободители’, се појави бизнисмен и олигарх, кој ја узурпира власта 20 години. Го презеде бизнисот, користејќи ја силата на власта, метастазирајќи во сите сегменти на државата и правосудните органи, гарантирајќи му сопствена заштита на своето племе!“ – со оваа остра критика на адреса на ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети се огласи Аднан Азизи, организацискиот секретар на опозициската Беса.
Кон објавата на својот фејсбук-профил Азизи постави и фотографија на шемата на бизнисите, кои ги развил Али Ахмети и неговото семејство.
Во својата објава на фејсбук-профилот Азизи дополнува: Да се каже дека оваа држава е корумпирана е малку, бидејќи е таа заробена од државната мафија покриена со „патриотскиот“ и политички превез, како и со наметката на герилата и на „ослободителот“! „Командантот“ си изгради царство.





