Полициска акција: Уапсени функционери на ДУИ!?

Во голема полициска акција која започна утрово и се уште е во тек, според неофицијални информации, се апсат високи функционери на ДУИ.



Според информации на порталот 24 инфо, уапсен е и Исмет Гури кој неодамна беше осуден а казна затвор од три и пол години во случајот „Титаник 3“ за манипулација со изборни резултати на локалните избори во 2013 година во Чаир.

Тој заедно со уште неколку лица утрово е уапсен поради сомневање за сторено кривично дело перење пари.

Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси во координација со Основно јавно обвинитество за огранизиран криминал, а за детали околу кривичните дела и приведените лица ќе информираат во текот на денот, јави Канал 5.