Според податоците во „ЈП „Водовод“, дури 70 отсто од корисниците во Општина Сарај се приклучени на диво на водоводната мрежа.
„Таму има и голем број диви приклучоци, кои не само што не плаќаат за водата туку не се ниту регистрирани во системот, туку ги полеваат нивните 24 часа на ден со водата од Рашче“, дознава порталот СакамДаКажам.
ОД ЈП „Водовод“ алартмираат дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.
„ Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на телефонскиот број 02 3073 010, или на kontakt@vodovod-skopje.com.mk, www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација“, апелираат од јавното претпријатие.
Дивите приклучоци се забранети со Законот за вода за пиење и одведување урбани отпадни води, член 23 и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на Општината и на Градот, врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело, потсетуваат од Јавното претпријатие.
Се апелира да не се користи водата за пиење за полевање бавчи и ниви , а ниту за перење автомобили и за полнење базени.







