Тригодишно дете ненамерно ја застрелало едногодишната сестра со пиштол во нивниот дом во Сан Диего, соопшти полицијата.



За инцидентот што се случил во понеделникот се вели дека тригодишно стигнало до небезбедно оставен пиштол, јавуваат медиуми

Застреланото бебе се здобило со повреда на главата и било пренесено во локалната болница, но напортите да ббиде спасено биле неуспешни.

Не е јасно дали имало возрасни лица во домот за време на пукањето.

Инцидентот е најновото ненамерно пукање со деца кое се случило во САД. Според непрофитната организација Everytown for Gun Safety, огненото оружје е водечка причина за смрт кај децата под 18 години во Соединетите држави, при што ненамерните пукања сочинуваат 5% од годишните смртни случаи од огнено оружје кај деца ппомлади од 17 години.