Уставните измени пред пратениците – во втората половина на август!?

Се очекува уставните измени денеска од Влада да бидат испратени во Собранието, а спикерот Талат Џафери идната недела ќе ја закаже уставната комисија, каде расправата ќе трае 10 дена.



Во ваков случај, пленарната седница за потребата од отворање на Уставот би се одржала во втората половина на август.

Владата го утврди текстот на измена на Уставот и со формулацијата:

„Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ да се додадат и бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ“.

Од Владата велат дека очекуваат конструктивност од сите политички субјекти и постигнување натпартиски консензус при усвојувањето на уставните измени како дел од преговарачката рамка со Европската Унија.