Професорката Дарија Андовска, декан на Факултетот за музичка уметност од Скопје, го коментира папагалското повторување одвнатре и однадвор дека само уште Бугарите да се впишат во македонскиот Устав и немало да има други услови на патот на Македонија до Европската унија.
„Немало да има други услови.
Па нема зошто да има. Сите услови се во преговарачката рамка и ќе се активираат со отворањето на Уставот.
Што би се рекло – да, не е проблем да се додадат други малцинства, проблем е што со тоа отворање на Уставот активно ќе се менува и ретушира историјата, а со тоа идентитетот на Македонците.
Повторно, по промената на името.
Јаже сами ќе си купиме“, порача Андовска на Фејсбук.






