Со толку синдикати, леви партии кои треба во основа да ги штитат работниците и социјално загрозените, со толку божем “невладини“, на ова фрапантно зголемување на цените и до 300%, не организираа генерален штрајк, констатира на Фејсбук поранешната пратеничка и актуелна претседателка на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева.
„Се пимплаат за 10% зголемување на платите во јавниот сектор. Што е тоа?
Си премолчаа 78% зголемување на платите на функционерите.
Што е со приватниот сектор, поготово со малите, семејни фирми? Има ли план како да се одржат?
Нема економија, нема стратегија, нема знаење, нема храброст.
Нам освен Трпе и Трпана, други имиња не ни личат! – вели Грчева.






