„Интересно да се знае која е точната цел на денешната посета на европската дипломатска тројка на Македонија.
Уште поинтересно е зошто многумина ја именуваат како Вајмарска тројка“ – вели професорот Љубомир Цуцуловски.
Ковачевски се заблагодари на „Вајмарската тројка“ за притисокот врз опозицијата
„Дали, на тој начин, сакаат да потстетат на Вајмарскиот Устав/Weimarer Verfassung (од 11 август 1919 година), донесен после целосната к а п и т у л а ц и ј а на Германија во Првата светска војна, како и на Вајмарската Република/Weimarer Republik, која се темелела токму врз тој устав?
П.С. Навистина, која е врската меѓу Вајмар, капитулирана Германија и Македонија?- прашува професорот.







