Пратеникот од ДУИ, кој е неофицијален предводник на „огнената група“ најави дека ќе се формира ново политичко движење во кое веќе се вклучени тројца пратеници од редовите на ДУИ, но и многу други лица кои дале оставка од партиските функции.
Според заклучокот донесен на вчерашната дебата, официјалното формирање на овој политички субјект ќе биде на 13 август, Ден на Рамковниот договор.
Дојдовме до заклучок дека се исцрпени сите можности да делуваме за внатрешно подобрување на Демократската унија за интеграција, и после тоа, заклучок е дека формираме ново политичко движење, изјави Меџити.
Според него, новиот политички субјект во принцип ќе функционира како партија, но именувањето ќе гласи како политичко движење, додека за името рече дека ќе има дебата и ќе се разгледаат најдобрите предлози, не само за името, туку и за програмата, платформата и другите цели…






