Иселеничка во Австралија : За мене со полн џеб не е страшно, не знам како живеат луѓето овде

Како македонскиот народ наоѓа пари и да се прехрани, но и да излегува, со толку низок стандард, зачудено прашува наша иселеничка која долги години живее во Австралија.



Јас доаѓам од земја од кенгурите, од море, од плажи, од што не, рече оваа госпоѓа во Струга во изјава за ТВ 21.
„Да ти кажам право, за мене полн џеб, не е страшно. А за овдешниов стандард, се чудам како се снаоѓаат и како се живее. А кафулињата се преполни. И тоа не знам. Како се снаоѓаат, од каде наоѓаат пари, а плачат дека немаат пари, не знам. Толку од мене, ве љубам, убав ден“, рече оваа жена.