Фракционерското движење во партијата на Али Ахмети за вечерва најавува формирање на ново политичко Движење на македонската политичка сцена. Во најава што предмалку ја испратија го најавуваат настанот:
- Почитувани медиуми, Ве известуваме дека денеска во 17:00 часот започнуваме со подготовките за ново политичко Движење во државата. Затоа и Ве покануваме да присуствувате на настанот што ќе се одржи во Големата сала на општина Чаир во 17:00 часот.






