Вообичаено крајно ажурната служба за пропаганда на владата на СДСМ и ДУИ четири дена молчи за лагите на министерот за економија кој според најмалку тројца министри од СДСМ на владина седница ги лажел колегите за спојување на концесиите за рудникот на смртта Иловица.
Она што јавноста ја интересира најмногу за случајот е дали на Бектеши му е прв пат да излаже и дали е тој патолошки или обичен лажго за да знаат дали и во иднина владата ќе биде лажена од министерот.
Науката анализира неколку различни видови лажговци од кои најпознати се патолошки и бели лажговци.
Патолошкото лажење, познато и како mythomania и pseudologia fantasticа, е хронично однесување на компулсивно или вообичаено лажење.
За разлика од кажувањето повремена бела лага за да не се повредат нечии чувства или некој да не се најде во неволја, патолошкиот лажго се чини дека лаже без очигледна причина.
Со оглед на тоа што Бектеши најверојатно лажел за да донесе корист за фирма блиска на ДУИ тој може да е комбинација од двата вида лажговци.
Оваа категорија може да биде наречена бел патолошки лажго од финансиско – политички интерес иако за тоа одговорот треба да го даде психијатријата како наука.






