Внимателно возење во Грција , казните за сообраќаен прекршок се драконски

Драконски казни за сообраќајни прекршоци во Грција. Во зависност од прекршокот, може да останете без својот автомобил или без возачка дозвола.
Кои се нови казнени прописи за сообраќајни прекршоци во Грција?
Поминување на црвено светло – 700 евра
Бесно возење – 700 евра
Недозволено претекнување – 80 евра
Прекорачување на брзината до 20 km/h – 20 евра
За поминување на црвено светло, се плаќа казна од 700 евра, но 20 дена ќе останете без дозвола за возење и регистарска табличка.
Отстранување на регистарски таблички и одземање на дозволи за возење за 60 дена се добива за следните прекршоци:
Користење на мобилен телефон додека возите; Неносење појас; Ако немате кацига додека возите мотор; Превоз на дете во автомобил без детско седиште.