4.983 лица биле избришани од евиденцијата на невработени во мај годинава . Според податоците од Агенцијата за вработување 1.893 засновале работен однос, 2.365 се симнати од евиденција по законски основ, а 725 преминале во евиденција на други лица кои бараат работа , пренесува Фактор. мк
Во април вкупната бројка е 4.090 од кои 1.746 засновале работен однос, 1.674 се симнати од евиденцијата по законски основ, а 670 преминале во евиденцијата на други лица кои бараат работа. Во март, одливот е 5.734, во февруари изнесувал 5.056, а во јануари се избришани 5.899 лица од евиденцијата на невработени. Месечно, има прилив од по неколку илјади луѓе во евиденцијата на невработени. Има месеци кога приливот е поголем од одливот и обратно.
Дел од граѓаните кои се невработени, се пријавуваат како активни баратели ан работа, додека дел пак се скептични и не сакаат да се пријавуваат.
Бришење се прави ако лицето веќе не е невработено, доколку само се одјави од регистарот, не се пријави во утврден рок или не се јави на покана од Агенцијата од неоправдани причини, не ја извести Агенцијата за стекнувањето и губењето на правата, одбие да се вклучи во активна политика за вработување или не ги исполни обврските од договорот за учество во активна политика за вработување, одбие да потпише Индивидуален план за вработување, исполни услови за пензија и слично.

Целата анализа на : https://faktor.mk/kolku-lica-mesechno-se-brishat-od-evidencijata-na-nevraboteni





