Хајредини до Османи: Дали да ти веруваме дека Бугарија не ги спори…

Аналитичарот Џевдет Хајредини реагира на изјавата на министертот Бујар Османи дека најважно е францускиот дипломат што денеска ќе престојува во Скопје јасно да ги протолкува сите одредби од Преговарачката рамка, за кои постојат дилеми, односно стравувања дека ќе бидат предмет на нови условувања од бугарска страна.



„Бујар Османи, нема што да протолкува францускиот дипломат, ако , како што ти самиот секој ден и кога никој не те прашува, повторуваш дека се работи само за тоа, Бугарите, Хрватите и Црногорците да се вметнат во преамбулата на Уставот.

Дали тебе да ти веруваме и кога тврдиш дека Бугарија не ги спори македонскиот јазик и идентитет, или станува збор за твоите “одмерени погледи за разврска на јазолот”, за кои зборуваат Бугарите Ковачев, Милков и Каракачанов’ пишува Хајредини.