ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски очајно се понижи бранејќи го Бектеши

„Денес граѓаните беа сведоци како Димитар Ковачевски јавно на отворена сцена понизно и очајнички застана во одбрана на Крешник Бектеши и ДУИ.Сите се виновни, па дури и службениците во Министерството за економија, а можеби и портирот, само никако не смее да бидат виновни Бектеши, Али, Груби…Ковачевски, како до сега, што би кажал неговиот стопан Али Ахмети заборава дека живее во 2023 година па му стана хоби да се враќа во времето кога со грамогласен аплауз и видно задоволен ракоплескаше на функционерите на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот според која и тој и СДСМ се против отворање на рудникот Иловица за кој, како што нагласи, коцесијата ја даде Влдата на Груевски чиј советник беше сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски очајно се понижи бранејќи го БектешиФото: Роберт Атанасовски



„Уште една во низата криминални тендери и концесии за ДУИ и фирми блиски до ДУИ, кој СДС ги аминува. Рудници во струмичкиот регион нема да има. Затоа го прашуваме пиунот Ковачевски кој, зошто и за каква намера се споени концеситее за рудник во Иловица? Дали Ковачевски додека мирно стоел пред Али и безпреговорно ги слушал неговите наредби, барем се обидел да го праша, која фирма се наоѓа како дел од концесионерите кои би вршеле ископ? И на крај, нека реши сам Димитар Ковачевски, дали ќе се осмели да го разреши Бектеши бидејќи ги довел во заблуда останатите министри, или ќе ги разреши оние министри кои гласале на влада, а не знаеле што гласаат, па така сега во прашање е здравјето на граѓаните и екологијата во струмичкиот крај. Господине Ковачевски, граѓаните повеќе не ве слушаат, а не пак да ви веруваат. Осмелете се, охрабрете се и да одиме на предвремени парламентарни избори, па тогаш гласот на граѓаните да ви каже дали живееме во 2023 година, во 2012 или пак во времето на транзицијата“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.