Што се случува со Битиќи, политичко неискуство или вториот човек на СДСМ има посериозен проблем?

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи има сериозни проблеми да ја разбере реалноста но и да ја артикулира личната и партиска позиција за најважните теми во македонската политика.



Битиќи во интервју за Канал 5 објавува две тези кои ги пренесува партискиот сајт на СДСМ кои се граничат со лудост односно му помагаат на ВМРО-ДПМНЕ да истрае во своите позиции и покрај огромните притисоци од странство.

Битиќи ја коментира последната анкета на Меѓународниот Републикански институт во која ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство од 8 проценти пред СДСМ но според него во анкетата граѓаните јасно кажуваат дека иднината не е во ВМРО-ДПМНЕ.

Иако анкетата на ИРИ покажува огромна предност на ВМРО-ДПМНЕ каква што немала ниту една политичка партија во опозиција пред власта Битиќи анализира дека за граѓаните европскиот пат е највисоко во агендата.

Со тоа потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во Само вистина на Канал 5 Телевизија практично вели дека граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ гледаат решение за европската иднина на Македонија.

,,Ако ја читате анкетата на ИРИ очигледно е дека граѓаните сакаат јасна визија за својата земја. Јасната визија дури да има предвремени парламентарни избори, и на редовни парламентарни избори, од другата страна немаме јасна визија”, додаде Битиќи.

Во втората теза која како за Битиќи да ја пишувале од Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ вицепремиерот и втор човек во СДСМ тој тврди дека ако Мицкоски и неговата партија гласаат за уставни измени граѓаните ќе ги казнат за тоа.

Во однос на очекувањата за изборниот резултат на наредните редовни парламентарни избори доколку се спроведат уставните измени Битиќи рече дека граѓаните ќе ги казнат оние кои ја замаглуваат иднината на земјата.

,,Јас сметам дека секој граѓанин многу поразумно од одредени политичари проценува на денот кога оди да гласа. Не верувам дека граѓаните би казниле некого кој што ќе зададе јасна иднина за нив и за нивните деца, туку ќе ги казнат оние коишто ќе им ја замаглат иднината. Граѓаните расудуваат подобро од многу некои политичари и нема да не казнат кога ќе видат дека одлуката е вистинската одлука”, додаде Битиќи, објавува порталот на СДСМ.