На граница кај „Богородица“ за излез од Македонија кон Грција се чека речиси еден час

Метеж од возила на сите гранични премини. Сообраќајот е зголемен. На „Богородица“ за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.



За разлика од вчера, кога имаше само три колони со возила, утринава се отворени шест ленти и пунктови, но гужвите за чекање се километарски. Еден од пунктовите е само за автобуси. Како и изминатиов месец, граѓаните имаат поплаки што на високите температури, службите ги задржуваат на граница и има долго чекање. За дел од нив е несфатливо како може скоро два часа да не можат да поминат граница.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.