Курти го игнорира Рама!

Не е потврдено дали косовскиот премиер Албин Курти ќе се појави на неформалната средба утре во Тирана што ја свика албанскиот премиер Еди Рама за лидерите од регионот. .



Најавено е и доаѓањето на европскиот комесар за проширување и соседска политика, Оливер Вархељи, а потврда за учество досега потврдиле премиерите на земјите од регионот – од Црна Гора – Дритан Абазовиќ, од Македонија – Димитар Ковачевски, Ана Брнабиќ од Србија и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто.

Но, сѐ уште не е потврдено дали косовскиот премиер Аљбин Курти ќе дојде на оваа неформална средба.

Односите меѓу премиерите на Албанија и Косово се „заладени веќе подолго време, а на последната балканска турнеја на Еди Рама, тој во Косово се сретна о претѕседателката Вјоса Османи, но не и со Курти.

Состанокот во понеделник се одржува во рамките на подготовките за Самитот на Берлинскиот процес, кој е најавен за 16 октомври во Тирана.

Таканаречениот „Берлински процес“ започна во 2014 година на иницијатива на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел со цел поврзување и интегрирање на земјите од Западен Балкан.