Откако четири актуелни министри изјавија дека се противат на отварањето на рудникот Иловица-Штука, односно дека биле измамени или изманипулирани од министерот за економија Крешник Бектеши, на социјалните мрежи реагираше пратеникот Антонио Милошоски.
„Дали премиерот Димитар Ковачевски бил на седница, како гласал и дали и тој се чувствува измамен од министерот Бектеши, исто како Спасовски, Петровска и Шукова? прашува пратеникот на ВМРО ДПМНЕ и поранешен министер.







