Илјада голи во Финска: Нов проект на познат американски фотограф

Речиси илјада… голи луѓе се собраа во текот на ноќта на улиците и плажите на Куопио, во централна Финска, за да учествуваат во новиот проект на познатиот американски фотограф Спенсер Туник.



„Денес земјата на илјада езера се претвори во земја на илјада голи“, вели самиот Туник, кој е познат по тоа што собира огромни толпи и ги фотографира голи.

Учесниците, водени од звучници, позираа на улиците расфрлани со цвеќиња, а потоа на плажата и езерото.

„Сакав да ги поставам (голите) тела во Куопио и езерата во северна Финска“, рекол фотографот, изразувајќи благодарност до волонтерите кои не се двоумеле да се соблечат во текот на ноќта.
„Многу е ретко на јавноста да и се даде можност да учествува во креативниот процес.